Митревски: Не игравме најдобро, ама на крајот бодовите се бројат

Порто тргна споро во натпреварот со Вардар, правеше многу грешки во првиот дел, но стратегот Магнус Андерсон беше упорен со тактиката седум на шест скоро цел меч.

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски, кој имаше солидна партија на домашниот гол смета дека на крајот најважни се бодовите од овој натпревар.

„Малку сме уморни, да се игра толку долго, скоро цел натпревар „седум на шест“ воопшто не е лесно. Но најважно е што победивме. Имавме неколку тренинзи заедно, беше тешко да се подготвиме добро за оваа средба, за да се спротиставиме на тим како Вардар. Сепак, најважно е што ги освоивме бодовите. Можеби не блескавме, но на крајот бодовите се бројат“, изјави Митревски.

Следен предизвик за Порто ќе биде гостувањето кај Келце.