Македонија загуби од Чешка, а како една од причините за поразот можеме да кажеме послабото издание на голманите во однос на првиот натпревар. Никола Митревски имаше свое видување за натпреварот.
„Ние сме тим и секој си има своја улога во тимот, можеби не одбранивме многу. но голема заслуга има и млаката игра во одбрана, немаше таква игра во одбрана како во првиот дуел. Имавме неколку избрзани шутеви каде што нивниот голман одбрани, игравме помлитаво во второто полувреме отколку во првото и тоа беше пресудно за овој пораз. Имаме два дена да се подготвиме за Австрија. Не влеговме со ист жар како во првото полувреме и тоа го искористија Чесите преминаа во водство и не успеавме да се вратиме и да победиме. Ништо не е изгубено, против секој се игра денес. Тие беа подобри, па сега останува нашиот натпревар со Австија и имаме шанси за победа“, коментираше Митревски.
Во однос на противничкиот тим Митревски смета дека немало изненадување од играчите.
„Не не изненадија ништо Чесите, и во претходните натпревари играа така. Здрахала и минатите натпревари играше во вториот дел повеќе, мислам дека натпреварот го изгубивме поради нашата млака одбрана“, заврши голманот на репрезентацијата на Македонија.
За нас сега останува последниот натпревар на 14 јануари против домаќинот, на кој ни одговара само победа доколку сакаме место во втората фаза.