Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, кој настапува во Порто, е номиниран за најдобар голман во Португалија.
Иако Митревски со Порто не ја минаа групната фаза во Лигата на шампионите, сепак, на домашна сцена остварија една од зацртаните цели.
Порто во националниот шампионат успеа да го освои првото место, а голема заслуга за одбраната на титулата имаше токму Митревски.
Освен македонскиот голман, меѓу номинираните се довчерашниот член на Бенфика, Сергеј Хернандез и членот на Спортинг, Лионел Карлос Мациел.
Битолчанецот за сезона 2021/22 беше номиниран за најдобар голман во Лигата шампионите, а во 2021 и 2022 година беше прогласен за најдобар голман во португалскиот шампионат.
За Митревски може да гласате ТУКА.
*Гласањето трае до 20 јули