Мкедонија оствари голема победа против Чешка од 27:25 и обезбеди пласман на Светското првенство во 2023 година во Полска и Шведска.
Стандардно фантастичен на голот беше Никола Митревски кој имаше свој коментар за овој натпревар.
„Игравме одлично и тука и во Злин, таму паднавме во последните десетина минути. Разликата помеѓу двата натпревари беше феноменалната публика тука, и кога паѓавме имавме поддршка од нив. Колку што сме ние заслужни за оваа победа толку се заслужни и сите што беа во салата денеска. Штета што не победивме двапати но најважно е што сме на Светско првенство“, рече Митревски.
Исто така тој ја прокоментира и играта на Кузмановски и Талески кои денеска беа предводници на Македонија.
„Ние сме шампиони во тоа да некој играч го кренеме и да го уништиме. Немаме време и трпение да создадеме некој играч или клуб, веднаш се бараат големи натпревари од нив и да постигнуваат по десет гола. Кузмановски и Талески имаат свој кавлитет и се самоуверени и затоа играат во такви клубови“, заврши Митревски.
Македонија може мирно да ја чека ждрепката за Мундијалот и максимално да се посвети на новиот циклус квалификации за пласман на следното Европско првенство.