Митревски и Тодоровски ќе судат дерби двобој за прво место во ЛЕ

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното коло во Лигата на Европа.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го суди натпреварот меѓу германскиот Гепинген и францускиот Монпелје.

Овој дуел ќе одлучува за првото место во групата А од Лигата на Европа, а ќе се игра вечерва од 18:45 часот.

Ацо Николовски ќе биде делегат на мечот меѓу Веспрем КФТ и Бенфика што ќе се игра денеска од 17:00 часот, но тој дуел нема резултатско значење.