Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за Ф4 турнирот во Лига на Европа, кој ќе се одржува во периодот од 28 до 29 мај во престолнината на Португалија, Лисабон. Домаќин на завршните натпревари од Лига на Европа ќе биде ,,Алтис Арената”.
Македонската судиска двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, ќе ја има честа да ја дели правдата на натпреварот за 3 место на годинешниот Ф4 во Лига на Европа. За двајцата судии од Македонија, новиот задача е најголемото признание во досегашната судиска кариера.
Првото полуфинале го сочинуваат Магдебург и Нексе, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Висла Плоцк и Бенфика.
Полуфиналните средби ќе се одиграат на 28 мај. Натпреварот за 3 место, како и финалниот натпревар, се закажани за последниот ден од Ф4 турнирот, 29 мај.