Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за петтата рунда во Лигата на Европа.
Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе имаат нова задача, откако вчера го судеа дербито меѓу Кадетен Шафхаузен и Бенфика.
Тие ќе бидат арбитри на дуелот меѓу шпанскиот Бенидорм и бундеслигашот Фленсбург на 6 декември од 20:45 часот.
Фленсбург неочекувано загуби кај шведскиот Иштад, додека Бенидорм направи изненадување и славеше кај Ференцварош во четврото коло.