Ракометарите на Порто каде што настапува Никола Митревски во претпоследното 29. коло во првенството на Португалија ја совладаа екипата на Агуас Сантас нагости со 18:34 и ја обезбедија титулата во националното првенство, која е 23. за Порто.
Никола Митревски уште еднаш беше одличен на голот на Порто и успеа да одбрани девет удари на противникот. Репрезентативниот голман на Македонија имаше високи 45% на одбрани, а на теренот мина помалку од полувреме.
Порто беше доминантен во текот на сите 60 минута, после првото полувреме водеа 9:13. И во продолжението тимот на Митревски беше уште поефикасен и стигна до убедлива победа без никакви проблеми.
Со овој триумф на едно коло до крајот Порто е на прв со 85 бода пред Бенфика која има 80 и Спортинг со 78 бода и натпревар помалку. Во последното коло на домашен терен Порто против Мадеира ќе се обиде победнички да ја заврши сезоната.