Тимот на Порто каде што брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски, се наоѓа на чекор до одбрана на круната во Португалија.
Порто славеше во големото дерби против Спортинг Лисабон со 30-29 и го презема првото место на табелата.
Митревски бранеше во еден дел од овој натпревар и забележа пет одбрани од 15 упатени шута кон неговиот гол што е околу 33% успешност.
До крајот на првенството остануваат уште три кола, но Порто ги мина тешките средби, па сега го чекаат составите на Маиа Исмаи и Мадеира, додека на домашен терен ќе игра против Виторија.
Порто сега има 66 бода на првото место на табелата, Спортинг е втор со 65, додека трета е Бенфика со 62 бода, која веројатно ги загуби сите шанси за титулата.