Португалскиот шампион Порто немаше тешка задача во натпреварот од 20 коло во домашниот шампионат.
Тимот на Никола Митревски славеше против Маиа Исмаи со 30-24, а македонскиот голман бранеше едно полувреме за кое собра пет одбрани.
Порто победата ја најави уште по првиот дел кога обезбеди солидна залиха од пет погодоци, 16-11, а во второто полувреме само рутински ја задржа.
Португалскиот првак сега е лидер на табелата по 20 кола со 38 бодови исто колку што има и Спортинг Лисабон на второто место.
Следна обврска за Порто и Митревски ќе биде осминафиналето во Лигата на шампионите против Монпелје.