Митревски и Порто започнаа со подготовките за новата сезона

Тимот на Порто, каде што брани македонскиот голман Никола Митревски, стартуваше со подготовките за новата сезона. Тренерот Магнус Андерсон ги собра ракометарите, а прво следуваа медицинските тестови.

За новата сезона Порто ангажираше четири засилувања – десните бекови Јакоб Микелсен и Џек Турин, пивотот Игнасио Плаза Хименез и левиот бек Николај Лесо.

Од клубот заминаа десните бекови Џибрил Мбенге и Диого Силва, како и левиот бек Иван Слишковиќ.

Летово ќе бидат одиграни повеќе пријателски натпревари, пред стартот на Ф4 во Суперкупот, каде Порто и Митревски во полуфиналето за ривал ја имаат Бенфика.

Нашиот чувар на мрежата ова лето го продолжи договорот на уште две сезони со португалските првак.