Екипите на Веспрем и Порто одиграа максимално израмет дуел и неизвесен до самиот крај во 11. коло од Лигата на шампионите. После голема борба дуелот заврши без победник 28:28.
Никола Митревски имаше мала минутажа на голот на Порто на овој натпревар и немаше нитуе една успешна интервенција. Дејан Манасков сè уште не е доволно подготвен и не беше дел од составот на Веспрем.
Веспрем имаше најчесто предност во првиот дел, но тоа беше само еден или два гола, во финишот Порто успеа да поведе сепак Мае донесе нерешени 15:15 после првиот дел. Веднаш на почетокот на второто полувреме Порто го презема водството но не издржа до крај и натрпеварот заврши нерешено.
Најефикасни во тимот на Веспрем беа Кентан Мае и Петар Ненадиќ со по шест погодоци, а Македа беше стрелец на четири гола. Во екипата на Порто се истакнаа со почетири гола М’Бенге, Веитиа Валдес и Салина.