Екипата на Порто каде брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски имаше успешно гостување кај Белененсес во 20. коло од првенството на Португалија и славеше победа со 27:45.
Порто имаше максимално ефикасно издание на овој натпревар, а во полнењето на мрежата на противникот се приклучи и Никола Митревски. Тој двапати се обиде да го погоди противничкиот гол и постигна еден гол, покрај тоа имаше седум успешни интервенции со одлични 41% одбранети удари.
Порто апсолутно ја оправда фаворитската улога и во ниту еден момент не дозволи победата да биде доведена во прашање. До средината на полувремето се играше израмнето, а потоа гостите доминираа и на паузата заминаа со 17:25. Вториот дел го одиграа рутински и остварија нова победа.
Со оваа победа Порто останува на втората позиција на табелата зад Спортинг со три бода помалку и натпревар помалку. Во следното коло Митрвски и соиграчите повторно ќе гостуваат, нови бодови ќе бараат кај Маиа Исмаи тим кој е на 7. позиција на табелата.