Голманот на македонската репрезентација Никола Митревски продолжува со одличните настапи во шампионатот на Португалија.
Порто во натпревар од 19. коло оствари убедлива победа против Повоа со 43:24 (20:13).
Митревски на голот ја подели минутажата со Себастијан Франдсен и двајцата голмани бранеа по едно полувреме.
Македонецот за едно полувреме одбрани речиси половина од ударите на ривалот, забележа 11 интервенции и заврши со процент на одбранети удари од близу 45%.
Екипата на Порто заедно со Бенфика имаат по 48 бода, додека актуелниот лидер Спортинг има 49 бода на свое конто.