Првиот избор за голот на Македонија, најискусниот од голманската тројка, Никола Митревски денеска бранеше подолг период од натпреварот и послека се враќа во форма. После втората победа против Кувајт го искажа своето мислење за она што денеска беше направено.
„Ова е период после неколку тешки напорни денови тренинзи во кој одигравме втор натпревар против Кувајт. Првиот го добивме во второто полуврмее. Сега играа многу поагресивно, а ние некако уморно. Им дозволивме да направат 4-5 гола разлика, но во второто покажавме карактер. Сите кои беа на терен и на клупа се бодревме за да успееме да се вратиме што покажува дека сме гладни за победа“, изјави Митревски за 24 Ракомет.
И денеска Македонија е беше комплетна бидејќи дел од играчите пристигнаа подоцна односно допатуваа во Македонија после завршувањето на клупските обврски кои ги имаа до понеделникот во Бундес лигата.
„Недостигаат неколку ракометари. Недостигаа во одбрана и носителите на играта, но и во напад поради што имавме неколку технички грешки и примавме лесни голови од контри. Голманот треба подолго време да има соработка со одбранбените играчи за да се препознаваат потезите на одбраната. Со некој играч со кој работиш подолго време е полесно бидејќи знаеш како ќе затвори. Сега е друго кога има нови бидејќи не се знае дали ќе направи блок и како голманот да реагира“
Што се однесува до противниците на ЕП веќе се имаат одредени информации, но ќе се собираат уште како ќе одминува времето.
„Ја знаеме групата уште од летото и постепено се подготвуваме. Знаеме кои се главни играчи и носители и полека во текот на цлата сезна се подготвуваме. Лично јас ги следев и посветував внимание, па сега е само финализација. Сè уште има време. Според мене не е многу добро од психолошки аспект да сме преоптоварени. Добро е да сме подготвнеи, но не да се преоптовариме и да имаме товар и на ЕП. Имаме доволно време за подготовки. Имаме уште две средби против Израел, па имаме уште доволно време за да видиме што и како играме на подготвителните средби за да имаме појасна и свежа слика за првиот натпревар на ЕП“, изјави Митревски за 24 Ракомет.
На 3 и 5 јануари репрезентацијата на Македонија ќе има нови контроли. Тие ќе бидат одиграни во Скопје, а противник ќе биде селекцијата на Израел.