Македонската ракометна репрезентација конечно се израдува на првата победа на Мундијалот во Полска и Шведска.
Во рамките на Президент купот кој го одредува пласманот помеѓу 25-то и 32-то место на Светското првенство, совладан е Алжир со убедливи 40-25.
Ракометар на натпреварот беше голманот на македонскиот национален тим Никола Митревски кој имаше одлична партија против селекцијата на Алжир.Убаво е чуството да се победи на Светското првенство без разлика против кого е извојувана таа победа.
Прекрасно е чуството да се победи,без разлика против кого е извојувана таа победа. Бевме во најтешката група, од вториот шешир ги добивме најтешките противници што секако не е оравдување, но тие имаат многу поголемо искуство на вакви натпревари од нас. Можеби е штета што изгубивме со толку голема разлика од сите противници, но без разлика на реаквиите на публиката, сепак со противниците од оваа група таа е нашата реалност. Можеби да бевме во друга група ќе беше поинаку. Што се однесува до желбата и посветеноста да се победи, сигурно никој повеќе од нас не посакуваше да го постигнеме тоа и да играме во главната рунда. Сепак некогаш треба да бидеме реални, да се погледнеме во огледало и да видиме до каде сме. Веќе сме скоро пласирани на Европското првенство, овој настап добро ни дојде како мотив и искуство бидејќи голем дел од овие деца првпат играат на вакво натпреварување во живо каде ги гледаат овие ракометни ѕвезди кои до вчера ги гледале само на телевизија. Сакам на сите кои дојдоа тука да им се заблагодарам за поддршката од име на цела репрезентација. Дадовме максимум, можеби во одреден момент изгледаше дека тоа не е максимумот, но во овој момент тоа е тоа.
За разлика од првата група, на овој натпревар работите се одвиваа сосема различно.
Овој натпревар беше нешто сосема друго. Игравме многу поопуштено, некако бевме позадоволни. Тамо можеби и самите си создадовме притисок дека мораме сите да ги победиме. Тука излеговме да играме ракомет, да го дадеме својот максимум и се гледаше дека сме полесни во движењата и дека сакаме да играме. Исто и тамо, дури тамо желбата беше уште поголема но таа некогаш знае да донесе и контра ефект.
На овој натпревар беше видлива разноврсната игра од нашата репрезентација, каде буквално сите ракометари погодуваа.
Па да, на овој натпревар игравме сите. Без разлика кој и да влезе во игра имаше свој придонес и не се почуствува ничие отсуство. Игравме како на оној натпревар против Данска во минатите квалификации, како против Чешка и Романија на овие квалификации и слични натпревари каде што бевме доминантни. Сепак имаме уште многу да учиме, да го подигнеме квалитетот на натпреварите на нашите репрезентативци.
Евентиални две победи против Тунис и Мароко можат бар малку да ги залечат раните од ова Светско првентсво.
Во овој момент најважно е што стигнавме до првата победа на Мундијалот. Ќе го гледаме натпреварот помеѓу Тунис и Мароко, ќе ги анализираме секако. Пак ќе кажам, штета што имавме ваква ждрепка на ова СП, можеби и распоредот во групата да ни беше поразличен, на пример да игравме прво со Аргентина, а не вака после 2 тешки порази од над 10 разлика треба да го играте клучниот натпревар со Аргентина каде морате да победите. Мислам дека да бевме во која било друга група ќе одевме понатаму. Но тоа е тоа, имаме уште натпревари кои треба да ги добиеме, доколку не, да извлечеме поуки од тоа.-заврши Митревски.
Следниот дуел нашата репрзентација ќе го има веќе во сабота против селекцијата на Тунис со почеток од 18:00 часот.