Митревски во елемент: Со 15 одбрани му донесе победа на Порто и е “играч на мечот”

Македонскиот репрезентативец немаше милост за унгарскиот противник и дури половина од одбраните беа зицери, со што им наби комплекс на ракометарите на Пик Сегед.

Блескава партија на македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој во мечот на неделата во 4. коло од Лигата на шампионите му донесе победа на Порто од 25:19 (15:10) против Пик Сегед.

Митревски комплетно ја спушти “ролетната” и со 15 интервенции буквално им наби комплекс на ракометарите на Пик Сегед, со оглед на тоа дека половина од одбраните беа зицери.

Нашиот голман беше и главната причина што Порто имаше константна контрола над резултатот, па од таму и заслужено го доби епитетот играч на мечот.