Митков „растура“ во Австрија

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, иако веќе влезе во петтата деценија од животот, се уште игра на високо ниво.

Митков, кој оваа сезона има двојна улога во составот на Холабрун како тренер и играч, беше најдобар стрелец на натпреварот против Копенштајнер.

Холабрун славеше со убедливи 37-25, откако и на полувреме со 16-12, а македонскиот десен бек постигна 11 гола од 15 обиди.

Тимот на Митков е на врвот на табелата со 18 бода заедно со Ацгерсдорф и Леобен, а следната обврска ќе ја има во 2023 година на гости кај Фиверс Маргаретен.