Тимот на Брегенц каде што настапува поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, славеше над незгодното гостување кај Грац.
Во натпревар од 14. коло во австрискиот шампионат, Брегенц оствари минимална победа со 25-26, па иако на полувреме имаше водство од три гола, во финишот мораше да стравува од домашните.
Митков беше втор стрелец во тимот и постигна пет голови. Брегенц со овие бодови има вкупно 16 и се прикклучува во борбата за плеј-оф.