Екипите на Радовиш и Бутел Скопје одиграа интересен и неизвесен натпервар во 6. коло од Супер лигата кој во драматична завршница го доби гостинскиот тим со минимална победа од 22:21.
Бутел Скопје имаше подобар старт на средбата и отвори со 3:1. Радовиш веднаш израмни, но следуваше период во кој тимот предводен од Кристијан Грчевски одигра одлично во одбрана и напад и го направи првото повисоко водство.
Со серија од 5:0, Бутел Скопје во 23. минута имаше водство од 8:3. До крајот на првиот дел Радовиш не успеа да возврати и на полувреме замина со негатива. После 30 минути игра резултатот беше 8:12.
Десетина минути од почетокот на вториот дел Бутел одржуваше предност, но Радовиш започна да ја топи негативата. Во 50. минута после подолго време домашниот тим израмни на 17:17 и натпреварот влезе во неизвесна завршница.
Се играше гол за гол до последната минута, а Радовиш имаше напад за водство во 60. минута кој не го реализираше. Следуваше брза акција и удар на Денис Тот за предност на Бутел од 21:22 на дваесетина секунди до крај. Радовиш во последниот напад не успеа да реализира и да избегне пораз.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА