Агенцијата за млади и спорт денеска ги објави номинациите по категории во изборот за Спортист на годината за 2021.
Марко Митев, членот на Бутел Скопје е номиниран за најдобар млад спортист. Тој беше избран за МВП на кадетскиот ЕХФ шампионат во Скопје, а имаше деби и за сениорската селекција.Негови конкуренти се Столе Смилковски (карате), Силвио Мировски (кик бокс), Омар Факиќ (самбо) и Теодор Симиќ (кошарка).
Ива Младеновска, ракометарка на Металург е номинирана за најдобра млада спортистка. Taa со кадетките стигна до злато на ЕХФ шампионатот во Клаипеда и беше прогласена за МВП, а дебитираше и за сениорките. Нејзини конкурентки се Михаела Алексовска (кошарка), Анастасија Пожарска (спортско моделарство), Марија Спирковска (борење) и Миа Тодорова (кик бокс).
Сениорската машка репрезентација е номинирана во категоријата најдобра машка репрезентација, додека кадетската женска е номинирана во категоријата најдобра женска репрезентација.
Селекторот на женските селекции, Љубомир Савевски е номиниран во категоријата најдобар тренер, а негови конкуренти се Борче Костовски (теквондо), Дејан Митровски (кикбокс), Александар Кузмановски (карате) и Бранимир Јовановски (стрелаштво).