Репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција одработе уште една одлична средба и успеа да ја совлада и селекцијата на Црна Гора со високи 41:24.
Ова беше натпревар на кој сè беше решено после 30 минути игра кога Македонија имаше предност од девет гола разлика и водеше со 23:14. Ова беше само најава за уште посилно продолжение во кое беше обезбедена уште повисока предност за конечни 41:24.
Овие плус 17 се доказ дека кадетите ја креваат формата и дека на ЕХФ шампионатот ќе се види најдоброто.
Денеска стрелците беа предводени од Митев и Савревски кои по седумпати стрелаа прецизно, а ова може само да радува како што се доближува шампионатот бидејќи селекторот Лазаров ќе биде на слатки маки кога ќе треба да ги одбере 16-те ракометари кои ќе настапат.
За ракометарите останува уште една контрола која би требало да се одработи утре. Противник исто така е Црна Гора, а почетокот е во 18 часот.
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 41:24 (23:14)
МАКЕДОНИЈА: Галевски, Ташев 3, Митев 7, Иваноски 3, Омерагиќ 4, Митревски 1, Димовски 1, Стојчевиќ 1, Ѓорговски 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Стојковиќ 5, Илиевски 4, Савревски 7, Ермаковски, Тодески 1, Манчевски 2