Ракометарите на Еурофарм Пелистер без поголеми проблеми дојдоа до победа од 27:20 против Бутел Скопје во 8. коло од Супер машката лига. Со контрола на играта од првата минута до крајот на средбата немаше никаква дилема кој ќе се израдува на трите бода.
Еурофарм Пелистер тргна во средбата со 4:0. Гостите играа тешко и не можеа да парираат. Одбраната не им беше на потребното ниво така што не можеа да дојдат до резултат со кој ќе може да се вратат во игра. Покрај тоа лесно се губеа и топки во нападот што овозможуваше домашните постојано да го зголемуваат водството, а воедно и на голманите да им биде тешко да бранат.
Силниот ритам на тимот од Битола беше причина за 16:7 на одмор. Oвие девет гола даваа сигурност за продолжението и најавија победа за Еурофарм Пелистер така што требаше само да се доврши задачата.
Второто полувреме не донесе премногу различен тек на настаните. Гостите намалија до седум разлика, но не можеа повеќе од тоа. При 20:13 за Еурофарм Пелистер дојде до стабилизирање на предноста.
Разликата главно се движеше од шест до осум гола така што на домашните им остана да одиграат мирно во финишот и да го добијат овој дуел на кој и без тоа беа фаворити. На крајот на семафорот остана 27:20 со што бодовите останаа во Битола, а Бутел Скопје ќе може да се обиде да дојде до нови бодови на некој следен натпревар.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА