Миркуловски: Сонувам за титула во Бундес лигата!

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски по заминувањето од Металург настапуваше една полусезона за Хановер, а веќе ја игра петтата сезона во бундеслигашот Вецлар.

Тој ќе го продолжи престојот во оваа екипа и следната сезона, но освен како играч ќе биде активен и како помошник тренер.

Медиа тимот на Вецлар направи кратко интервју со нашиот среден бек, во кое тој откри дека неостварена желба му е да стане шампион на Германија.

  • Кој е твојот омилен актер?
    „Расел Кроу, во филмот Гладијатор или Робин Худ“.
  • Дали свириш на некој инструмент?
    „Можам да свирам на гитара“.
  • Што сакаш да правиш во слободното време?
    „Навистина сакам да играм на плејстејшн“.
  • Кој е твојот најдобар ден во вашиот живот?
    „Ова е тешко, имав многу добри денови. Сите денови со моето семејство се одлични“.
  • Која е твојата најголема желба?
    „Да станам шампион на Германија“.
  • Каде сакате да патувате?
    „Во Костарика, има и море и многу природа, би сакал да одам таму“.
  • Што сакаш да правиш со семејството?
    „Сакам да одам на игралиште со моите деца“.