Македонската легенда Филип Миркуловски денеска го одигра својот последен натпревар во играчката кариера.
Во „Ритал Арена“ во Вецлар тој беше испратен на најубав начин, а им се обрати на сите поддржувачи од Македонија на македонски јазик.
„Ви благодарам многу што дојдовте. Вие сите бевте дел од мојата кариера, ме следевте насекдае, и вие на еден начин сте заслужни што го достигнав ова ниво. Голема благодарност до Баге што ме трпеше овие 20 години и ми беше моја најголема поддршка“, кажа Миркуловски.
Вецлар на последниот меч славеше против Минден со 30-28, а нашиот среден бек даде два гола.
Од следната сезона, Миркуловски ќе биде асистент тренер на Бен Мачке.