Единствени претставници од Македонија во новата сезона во Германија ќе бидат Филип Миркуловски и Филип Кузмановски со тимот на Вецлар.
Бундес лигата стартува на 24 август со две средби меѓу Ерланген и Хановер, односно Фленсбург и Хамбург.
Вецлар и двајцата Македонци ќе ја започнат сезоната на 25 август на домашен терен со европскиот шампион Магдебург.
Сезоната во Германија ќе биде отворена со Суперкуп натпреварот во Диселдорф меѓу Кил и Рајн Некар Левен.
Последното коло од Бундес лигата престојната сезона ќе се одигра на 2 јуни, порано од вообичаеното поради ЕП во фудбал.