Во осмото коло од Бундес лигата претставниците од Македонија кои имаа настап на неделните натпревари, Филип Миркуловски и Филип Талески имаа скромен учинок за своите екипи и запишаа нови порази.
Миркуловски со Вецлар на гостувањето кај Рајн Некар претпре пораз со 29:26, поранешниот репрезентативец еднаш успеа да ја погоди противничката мрежа. За одбележување е настапот на повратникот во Рајн Некар, Генсхајмер кој со 13 гола беше најзаслужен за победата.
Филип Талески со својот Балинген беше поразен на домашен терен од Ерланген со 30:32. Во неизвесен натпревар гостите подобро се снајдоа во завршницата и ги однесоа бодовите. Талески за времето поминато на терен постигна два гола од три обиди.
Мелсунген кој после катастрофалниот пораз од Балинген игра како препороден му го нанесе првиот пораз на Хановер кој до ова коло имаше седум од седум победи. Небојша Симиќ имаше добра партија на голот со 13 интервенции, а Каи Хефнер беше најефикасен со седум гола.
На останатите натпревари фаворитите остварија очекувани победи. Фленсбург на домашен терен беше поуспешен од Фуксе Берлин. Кил оствари нова победа на гостувањето кај Лемго, а Бергишер го совлада Минден.
Бундес лига, Резултати, 8. коло:
Фленсбург – Фуксе Берлин 27:23 (12:9)
Сван 5, Род 5 – Холм 5, Струк 4
Балинген – Ерланген 30:32 (14:15)
Сауресиг 7, Ниемајер 6 – Селин 7, Бисел 5
Бергишер – Минден 26:23 (14:10)
Бомхоувер 9, Гунарсон 5 – Рамбо 10, Гулеруд 3
Лемго – Кил 27:30 (12:17)
Елисон 13, Баијенс 7 – Екберг 10, Билик 5
Мелсунген – Хановер 31:25 (17:15)
Хефнер 7, Павловиќ 5 – Бем 6, Цехте 4
Рајн Некар – Вецлар 29:26 (15:9)
Генсхајмер 13, Колбахер 4 – Вајсгербер 4, Френд 3