Кире Лазаров во плановите како соработник надвор од теренот, но и како играч го има Филип Миркуловски.
Тој се надева дека популарниот „Жути“ ќе остане активен играч и следната сезона и дека ќе може да помогне на националниот тим на евентуалниот настап на ЕП до кој сме многу блиску.
„Миркуловски е играч каков што ни треба. Има многу направено за репрезентацијата, се надевам дека ќе остане активен играч и следната сезона и дека ќе се пласираме на ЕП, па да го имаме во тимот и на шампионатот. Заслужува да се прости од националниот тим на еден голем настан“, вели Лазаров.
Миркуловски ќе биде во тимот за натпреварите со светскиот првак Данска, но дали и колку ќе игра ќе видиме. Првиот дуел со Данска се игра во Скопје на 11 март, а вториот на 14 март во Алборг.