Машката репрезентација на Црна Гора во рамки од ЕХФ неделата ќе одработи тридневни припреми. Тоа ќе биде прв собир на репрезентацијата после јануарското Европското првенство на кое оваа селекција заврши на 11. позиција што за нив е најголем во историјата на машкиот ракомет.
Oвие мини подготовки ќе бидат прилика за селекторот Зоран Рогановиќ и стручниот штаб да ја провери формата на репрезентативците и да започнат припремите за баражот за Светското првенство во кое во април Црна Гора ќе игра против Босна или Грција.
На овие припреми селекторот Рогановиќ повика 19 ракометари меѓу кои е и ракометарот на Еурофарм Пелистер Мирко Радовиќ.