Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се приклучи на националниот тим во Дебрецен.
Откако вчера имаше негативен тест во Скопје, тој тргна на пат кон унгарскиот град, а денеска веќе му се стави на располагање на селекторот Кире Лазаров.
Тој веројатно ќе добие место во ростерот на Македонија за утрешната пресметка со Црна Гора што се игра во „Феникс Арена“ од 18:00 часот.
Погледнете како го пречекаа Митревски соиграчите во Дебрецин…