Ракометарот од Португалија, Тиаго Роча, кој е член на францускиот клуб, Нанси, стана вистински хит на социјалните мрежи во Франција, откако во натпреварот против Данкерк за само 30 секунди минати на терен заработи црвен картон.
Иако Нанси минимално го загуби натпреварот, 24:23, резултатот остана незабележан, а главната вест на насловните спортски медиуми беше резервирана токму за Роча.
Португалецот направи неспортски потег, беше крајно невниматилен со стартот врз Том Пелајо удирајќи го силно во главата.
Судиите не дозволија Роча да мине со лесна казна, веднаш му доделија црвен картон. Погледнете…
Un carton rouge après 30 secondes de jeu ! 👀
L'exclusion la plus rapide de l'histoire ? pic.twitter.com/oX6Vz6O529
— Ligue Nationale de Handball (@LNHofficiel) November 13, 2021