Хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ во следната сезона ќе го носи дресот на босанскиот суперлигаш Искра Бугојно, клуб кој изминатата сезона заврши на 11. позиција во шампионатот на БиХ и обезбеди опстанок и за следната сезона.
Раководството на клубот преку официјалната клупска страна ја потврди соработката со искусниот ракометар, кој во својата играчка кариера настапуваше и за екипата на Охрид. Кезиќ е играч кој што може да одигра на сите бековски позиции, а природна позиција му е среден бек.
Новото засилување во Искра Бугојно потекнува од Јерковац. Во својата играчка кариера, освен во македонскиот шампионат, настапуваше и во Грција, Чешка, Израел, а последните пет месеци од минатата сезона ги мина во екипата на Стевче Алушовски-Тор Акурејри.
Иако имаше опција да го продолжи договорот со тимот од Исланд, сепак, хрватскиот интернационалец одлучи да ги засили редовите на екипата од Бугојно. Кежиќ со екипите на Охрид и Метковиќ играше во рамки на ЕХФ Купот, односно тогашниот Челинџ Куп.