На конгресот на ИХФ што треба да се одржи во Туција од 5 до 8 ноември 2021 година, Филип Милошевски по третпат треба да биде избран за член на орган на Светската ракометна федерација. Тој е меѓу неколкуте членови што треба да бидат реизбрани и тоа како дел од Арбитражната комисија на ИХФ.
Генералниот секретар на РФМ е единствениот Македонец што е номиниран за некоја функција во органите на ИХФ. Истата комисија ќе брои 8 членови, и дел од членовите се и новоизбрани.
Претседател на Арбитражна комисија
Ловро Баџим (Хрватска) – новоизбран
Членови на комисијата
Муад Бен Зајед (Тунис) – реизбор
Нурул Фазал Булбул (Бангладеш) – реизбор
Мигел Фернандез (Португалија) – реизбор
Филип Милошевски (Македонија) – реизбор
Елена Борас Алкараз (Шпанија) – новоизбран
Јевген Петрушевски (Украина) – новоизбран
Елизабет Линг Јанг (Хонг Конг) – новоизбран