Милосављев и Марсениќ го водат Фуксе кон четвртфинале

Екипите на Фуксе Берлин и Висла Плоцк остварија гостински победи и се доближија до пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа. Фуске Берлин го совлада Фиверс со 35:27, додека Висла славеше против Спортинг со 29:25.

Фуксе Берлин на гостувањето во Австрија тешко го кршеше отпорот на Фиверс, гостите постојано имаа предност но тоа беше еден или два. Во неколку наврати домашниот тим доаѓаше до израмнување, сепак на полувреме „лисиците“ има водство 15:17.

Стартот на второто полувреме беше клучен за победникот на овој дуел, Фуксе Берлин направи серија од 13:2 со што се одалечи на недостижна позитива. До крај Фиверс само успеда да го ублажи поразот, но ќе има тешка задача да направи изненадување на реваншот.

Екс вардарците беа најзаслужни за триумфот на Фуксе Берлин, Мијајло Марсениќ со шест гола беше прв стрелец, додека Дејан Милосављев беше одличен на голот со 12 интервенции. Дамбок и Вагнер со по четири гола беа најефикасни во составот на Фиверс.

Првото полувреме од дуелот помеѓу Спортинг и Висла беше максимално израмнет, двете екипи имаа водство но тоа беше минимално и на одмор заминаа со нерешени 15:15.  Во последните петнаесетина минути гостинскиот тим беше посконцентриран и успеа да обезбеди голема победа и да се доближи на чекор до четвртфиналето.

Дашек со седум гола го водеше својот тим до победата, а втор стрелец во составот на Висла беше Сита со шест гола. За тимот на Спортинг се истакна Таварес со пет погодоци.