„Мојот одговор ќе биде ’да’ ако почувствувам желба и потреба да покажам дека сето она што се случи со мене и Вардар беше само случајност, лош сплет на околности“, вели Џамбо за 24ракомет.мк
По две години пауза српскиот голман Страхиња Милиќ ја ре-активира својата ракометна кариера. Сезонава најави настап во дресот на Партизан. Вардар и Скопје се неговата најголема љубов, па поради тоа вели дека е доволен само еден повик за да се врати во „црвено-црните“ редови.
„Сезонава сигурно ќе играм во Партизан. Тоа ми е потребно и за да се вратам во форма, но и поради бизнис обврските кои ги имам. Ако почувствувам глад, желба за докажување и за успех и бидам повикан од Вардар, од Михајло, од Столе, Тимур, било кој, или од тренерот Стевче, и ако почувствувам дека можам да помогнам секако дека ќе се вратам во Скопје. Имам преубави спомени од Скопје и децата ми се родени таму, имам и вистински пријатели…. Гајам големи емоции и љубов кон Скопје. Мојот одговор ќе биде ’да’ ако почувствувам желба и потреба да покажам дека сето она што се случи со мене и Вардар беше само случајност, лош сплет на околности. Семејниот бизнис ми е приоритет во моментов, а ако по година дена повторно имам желба и страст и добијам повик – да доаѓам!“, изјави популарниот Џамбо во интервју за 24ракомет.мк.
Целото интервју со Страхиња Милиќ може да го прочитате ТУКА.