Легендарниот „Миле Паника“ од хумористичното шоу К-15, односно Бранко Огњановски деновиве е редовен гледач на Европското првенство.
Огњановски беше на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ и имаше можност да го проследи мечот меѓу Романија и Шпанија, а ја следеше и македонската репрезентација
По К-15, Огњановски беше дел и од Фчерашни новости, но и покрај тоа што двете шоуа не постојат, Огњановски остана запаметен во македонската јавност.
Тој е чест посетител на спортските натпревари каде што играат македонски клубови и репрезентации.