Екипата на Спартак во плеј-аут фазата во единствената лига кај дамите тргна фуриозно и дојде до втора победа по ред, откако во дуелот со Кузман Вардар триумфираше со 38:26, додека во претходното коло беше подобра од Астибо со 27:23.
Избраничките на Александра Кузмановска парираа во првите десет минути кога во два наврати беа во водство (1:0, 2:1), и во останатиот дел домаќинките беа доминантни во играта.
Спартак во првото полувреме направи убедлива разлика, на пауза замина со предност од 18:10 и во вториот дел немаше проблеми да дојде до посакуваните бодови.
Домашниот табор одигра рутински и со добра ангажираност успеа да ја зголеми предноста од првото полувреме за конечни 12 гола разлика.
Најефикасна на теренот беше членката на Кузман Вардар, Нина Милевска, која имаше 11 погодоци од 16 упатени удари.
Во победничката екипа се истакнаа Елена Крстевска со осум и Зорица Андовска со шест погодоци