Eствана Полман се наоѓа во тешка ситуација во дански Есбјерг. Во интервју за „gld.nl“ плејмејкерот на холандската репрезентација откри со какви проблеми се соочува во данскиот тим.
Како што изјави понекогаш мора да тренира и одвоено во салата.
„Не сакам да зборувам за се, секој конфликт мора да има две страни. Имам договор со Есбјерг и затоа морам да внимавам што зборувам. Во клубот понекогаш морам да тренирам одвоено од сите во аголот на салата. Ме игнорираат, не разговараа со мене. Зошто да не седенеме да разговараме и да ги решиме проблемите како возрасни?“.
Среќата ја пронаоѓа во играњето за репрезентацијата.
„Многу сум среќна што сум со девојките во репрезентацијата. Тука сум во поинаква средина и можам повторно да тренирам нормално, не сум имала таква можност подолго време. Можам повторно да уживам во ракометот“, изјави Полман.
Договорот на Полман со Есбјерг има важност до летото 2023 година.
Драма во Купот на Данска: Мајката на Полман збесна поради малата минутажа на својата ќерка!
Ѕвездата на тимот одби да влезе на терен, клубот ја суспендираше