Поранешниот ракометар на Мешков Брест, Дмитри Никуленков во интервју за „Пресбол“ говореше за неговото заминување пред две години во СКА Минск, каде што сезонава ја заврши кариерата.
Никуленков беше член на Мешков од 2014 до 2018 година, но си замина после несогласувањата и конфликтот со спортскиот директор Павел Башкин.
„Имав кофликт со Башкин. Не ми се допаѓа кога луѓето ме лажат гледајќи ме во лице како што тоа го направи тој. Воопшто не се штедев, постојано играв под инјекции. Играв и после операција на коленото, но веројатно направив грешка со склучувањето на договорот тогаш. Навивачите започнаа да ме напаѓаат затоа што заминав во СКА Минск, но тоа е спортот, тоа е животот. Морам да се залагам за клубот и сакам да победувам со него. Морам да признам дека не сум задоволен од минатата сезона што не успеавме да го оствариме нашиот сон. Знаеме дека Мешков е поквалитетен, сепак можевме да победиме. Кога дојде крајот на последната сезона во Мешков, дојде човекот задолжен за веб сајтот и ми рече – Дима ова е твој последен ден тука…а јас ништо не знаев за тоа, за мене беше изненадување. Потоа Башкин во некое интервју зборуваше дека јас сум пиел кафе само со Балканците, а не и со Белорусите. Огорчен сум од него, но мислам дека е доволно од оваа приказна. Ако кажам уште нешто, ќе почне да се пишува дека јас сум предавник. Сакам да ставам крај на офој конфликт“, рече Никуленков.
Мешков Брест и СКА Минск се најголемите конкуренти во првенството на Белорусија. Тие во изминатата сезона се бореа за шампионската титула, но на крајот сепак поуспешна во меѓусебните дуели беше поранешната екипа на Никуленков и беше прогласена за шампион.