Меѓу натпреварите на Мундијалот полагаше испити на факултет

Репрезентативката на Норвешка, Моа Хогдал слободното време на Светското првенство во Шпанија го искористува за учење и за полагање на испити на студиите по психологија.

Во претходните денови освен на репрезентативните обврски, Хогдал беше концентрирана и на испитот по Психолошко советување. Овој предмет го полагаше директно од Шпанија преку онлајн-апликација.

Нејзината оценка од испитот не е позната, но заедно со нејзините колешки вечерва ќе го имаат најважниот испит во борбата за обезбедување место во четвртфиналето на Мундијалот во Шпанија.

Норвешка за противник во последното коло од главната фаза ја има незгодната репрезентација на Холандија. Победникот од овој дуел ќе обезбеди место меѓу најдобрите осум репрезентации и ќе има голема шанса да се бори за медал.