Шампионот на Белорусија, Мешков Брест во август ќе го организира турнирот „Белгазпромбанка Куп“. Овој турнир се одржува од 2008 година.
Висла Плоцк, Мотор Запорожје и Чеховски Медведи го потврдија учеството на турнирот во Брест. Се очекува до почетокот на турнирот да нема големи промени во распоредот и пријавените екипи, па така вкупно ќе учествуваат 4 учесници.
Ова ќе биде загревачки турнир за Мешков Брест пред четвртфиналниот двомеч од регоналната СЕХА лига против Еурофарм Пелистер. Лани поради пандемијата, турнирот не се играше, а последно во 2019 година, францускиот Ним го освои трофејот.
Натпреварите се планирани да се одиграат во периодот од 13 до 15 август. Белорускиот шампион веднаш после турнирот го очекуваат и подготовки за четвртфиналните натпревари во рамките од СЕХА лигата.