На раководството на белорускиот првак Мешков Брест по уште една промашена сезона, не му останува ништо друго, туку уште отсега да го подготвува ростерот за следната.
По продолжувањето на договорите со голманот Иван Мацкевич, пикерот Артем Селвасјук, како и левиот бек Александар Шкуринскиј, Мешков го продолжи договорот и со хрватскиот бек Сандро Обрановиќ.
Тој ќе го продолжи престојот во Брест на уште една година, а претходно беше дел од францускиот Шамбери, хрватскиот Загреб и унгарскиот ПИК Сегед.
Засега е сигурно заминувањето на Французинот Вилијам Акамбре, но повеќе од сигурно дека ќе има и други промени во играчкиот ростер на Мешков.