Белорускиот првак Мешков Брест кој до минатата сезона играше со Вардар, Еурофарм Пелистер, Веспрем, Загреб…од оваа сезона е дел од дивизијата „Исток“.
Во првиот натпревар Мешков славеше против составот на Машека со 28-22, откако и на полувремето имаше плус четири гола, 14-8.
Искусните крила Максим Баранов со седум од осум и Андреј Јуринок со шест од шест, беа предводници на Мешков Брест.
Голманот Денис Заболотин собра 11 интервенции. Во составот на Машека се истакна Капаев со пет погодоци.
Утре се игра последниот натпревар од првото коло во новата сезона од дивизијата „Исток“, а ќе играат Зенит Санкт Петербург и ЦСКА Москва.