Ракометарите на Мешков Брест во два дена дојдоа до две победи против Пекинг Универзитет во осминафиналето од СЕХА лигата, а после вчерашните 46:26, денеска победата беше обезбедна со 41:23.
Ова беше двобој во кој победникот се знаеше пред почетокот така што на теренот требаше формално да се одработи задачата. Мешков Брест беше домаќин на двата дуели, а после вчерашниот триумф стана само појасно дека нема да има поголеми проблеми за да се дојде до четврт-финалето.
Најефикасен денеска беше Баранов со девет гола, додека шест постигна Дарко Ѓукиќ. Во редовите на Пекинг Универзитет, Јунченг Ванг со пет гола беше прв стрелец.
Со оваа победа екипата на Мешков Брест се избори за двобој со Мотор Запорожје во четврт-финалето, каде што Вардар ќе игра против Нексе на 8 и 15 март.