Мешков Брест слави шампионска титула во Белорусија, но ЛШ е недостижна мисија? (ВИДЕО)

Мешков Брест ја прослави 9. титула по ред во белорускиот шампионат, но оваа сезона за разлика од сите претходни мораше добро да се испотат ракометарите. Имаа голем конкурент во тимот на СКА Минск, и титулата се решаваше во последното коло во кое Мешков на домашен терен победи со 30-27. Сепак со оглед на заминувањето на голем број ракометари од клубот, малку веројатно е дека Мешков Брест следната сезона ќе го гледаме во Лигата на шампионите. Погледнете како прославија мешковци во соблекувалната...