Белорускиот шампион Мешков Брест по елиминацијата од СЕХА и поразот од Еурофарм Пелистер им се врати на домашните обврски.
Избраниците на Дмитри Тихон најдоа утеха во Суперкуп трофејот, кој го освоија со триумфот над СКА Минск со 34-29.
Победникот на овој натпревар беше најавен по првото полувреме кога Мешков Брест водеше со плус осум, 16-8.
По овој дуел, ракометарите на белорускиот првак ги чекаат обврски во домашниот шампионат и во регионалната СЕХА лига.