Дербито во СЕХА лигата меѓу екипата на Мешков Брест и ЦСКА Москва заврши со победа на екипата од Белорусија.
Мешков Брест против московската екипа триумфираше минимално со 29:28 во рамки од 2. коло од дивизијата „Исток“.
ЦСКА Моксва на речиси три минути пред крајот имаше водство од 27:26, но ракометарите на Мешков Брест беа повеќе пофокусирани во финишот и успеаја да дојдат до втор триумф во новата сезона.
Најефикасен во победничката екипа беше Максим Баранов со пет погодоци, додека во поразениот табор екс членот на Вардар, Дмитри Киселев ги предводеше стрелците со осум погодоци.
Без победник заврши дуелот меѓу СКА Минск и Гомел, 35:35. Ракометарите на Гомел со голот на Максим Красовскиј во последната секунда дојдоа до бод.