Екипата на Мешков Брест која требаше да игра против Вардар во полуфиналето на Ф4 во Задар, а ги поддржа другите тимови за „црвено-црните“ да не бидат на завршниот турнир претрпе тежок пораз на дуелот за 3. место против Мотор со 20:31.
Играјќи без Сташ Скубе, Мешков Брест и немаше накоја голема шанса против тимот од Украина, па потпиша капитулација во второто полувреме. Тимот на Мотор Запорожје успеа да стигне до триумф откако после првите 30 минути резултатот беше нерешен, 11:11.
Во вториот дел составот на Мотор казнуваше и постигна многу голови. Играше многу полесно од противникот и стигна до реализација на многу погодоци. Дури 20:9 беше епилогот кој е изненадувачки, но очигледно после поразот во полуфиналето во тимот на Мешков Брест недостигаше мотивација, па противникот лесно дојде до триумф.
По шест гола кај победникот имаа Денисов и Хориха, додека по четири постигнаа Козакевич и Бокан. Иван Мароз средбата ја заврши со 11 интервенции од игра и еден седмерец. Кај поразениот состав со четири гола најефикасен беше Кашпарек, додека голманот Мацкевич заврши со седум гола.