Викендов во градот Перм се одигра завршниот турнир во Купот на Русија во машка конкуренција со четири екипи.
Домаќинот Пермски Медведи загуби во полуфиналето од Чеховски Медведи со 28-31, додека во другото полуфинале Спартак Москва беше подобар од Акбузат со 33-24. Во финалето Чеховски славеа над Спартак со 27-24.
Но главната атракција во Перм не беа ракометарите, туку двете маскоти на Чеховски и Пермски Медведи.
Тие парадираа околу теренот во салата во Перм и го привлекуваа вниманието на навивачите.