„Мечките“ си го вратија Куп трофејот

Екипата на Чеховски Медведи по пауза од една година го врати Куп трофејот во свои раце, откако во неизвесното финале славеше над Пермски Медведи со четири гола разлика, 34:30.

Чеховски Медведи до трофејот дојде со одличната игра во вториот дел. На полувреме резултатот гласеше 18:17 во корист за екипата од Перм.

Ниту 10 гола на Максим Саликов не беа доволни за екипата на Пермски Медведи по првпат да дојде до трофеј воопшто.

Кај победничката екипа се истакнаа Александар Котов и Артем Кулак со осум, односно шест погодоци.

ЦСКА Москва го освои бронзениот медал по победата над Зенит од 31:27 (15:13).

Во екипата на ЦСКА Москва настапуваат двајцата екс ракометари на Вардар, Дмитри Кисељев и Данил Шишкарев.